Дарко Костовски, претседател на општински комитет на ВМРО-ДМНЕ во Бутел го праша градоначалникот Велимир Смилевски каде се бистата и натписот во ОУ Петар Здравковски Пенко ?!

Веќе неколку дена ова основно училиште во Бутел е без биста и натписна табла каде треба да бидат ликот и името на Петар Здравковски Пенко !

Дополнително прашувам:
Дали и ова беше предизборно ветување ?

Дали градоначалникот има за цел преќутно да го преимени ова основно училиште ?

Дали градоначалникот има контрола над раководството во ова училиште ?

Очекувам брз одговор, заради интерес на загрижените граѓани од населеното место Скопје Север но и од територија на цела Општина Бутел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.