НА ТЕРЕН СО ЗИМСКАТА СЛУЖБА

Екипите на Општина Бутел во текот на целиот ден и вечерва работат на расчистување на улиците од снежните наноси.

Се работи на расчистување на улиците во населба Радишани, Радишани, Расадник, Бутел, Бутел 2, Скопје Север, Визбегово, село Љубанци, село Љуботен, Љуботенски Пат.

Во текот на ноќта ќе биде активен кризниот штаб и ќе бидат поставени дежурни служби кои во зависност од потребите и временските услови ќе бидат спремни да интервенираат, напиша Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.