Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, е во самоизолација откако се потврдило дека секретарката на Општината е инфицирана со вирусот.

На својот профил на Фејсбук, Богдановиќ информира дека резултатите од првиот тест му се негативни, но дека ќе остане во самоизолација до второто тестирање.

По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за ковид-19. Во изолација останувам до втор негативен тест. Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на ковид-19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена. На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што коронавирусот не избира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките, напиша Богдановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.