Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била во ненајавена контрола во во кризниот штаб на зимската служба под Град Скопје со цел да ја провери подготвеноста на оваа служба за зимската сезона.

Јавното претпријатие и кризниот штаб не смеат да бидат изненадени од зимската сезона и за истата треба да бидат максимално подготвени за одржување на сите главни улици за коишто е надлежен градот Скопје, рече Арсовска.

Таа најави дека овие вонредни контроли ќе продолжат без претходна најава и во следниот период, а сите јавни претпријатија треба да бидат подготвени да ја извршуваат својата функција во интерес на скопјани.

Од понеделник започнуваме и со дополнителни активности на засилени контроли и ревизија на активностите на јавните претпријатија како би се обезбедиле квалитетни и навремени услуги за сите скопјани, додаде Арсовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.