Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше во акцијата за садење дрвја во Рајскиот парк во општината Аеродром, организирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Акцијата е дел од агендата на Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (WB GEFF), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност, при што засадени беа 50 дрвја од видот каталпа како израз на стремежите за позеленување на градот Скопје.

Градот Скопје ќе се фокусира на поддршка на активности насочени кон заштита на животната средина кои имаат директно влијание врз создавањето подобра иднина. Со колективен напор, можеме да влијаеме и да се движиме кон зелената транзиција и да ја реализираме визијата за зголемување на еколошката свест додека едновремено овозможуваме креирање сеопфатен систем за заштита на животната средина. И денешниот настан е чекор кон подобрување на условите во соработка со партнерски организации со кои заедно ќе придонесеме Скопје да биде одржлив и еколошки чист град – порача градоначалничката Арсовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.