Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и координаторите на сите советнички групи во Советот на Град Скопје го поздравуваат огромното постигнување и европската ракометна шампионска титула на „Вардар“.

Тие, сите заедно повикаа на достоинствен пречек и славење на успехот на ракометарите, а воедно изразија и несогласување со изолираните случаи кои сакаат да стават дамка на прославата.

Остро го осудуваме и се дистанцираме од секој обид за неспортско навивање и однесување, ширење говор на омраза и национализам, како и пароли кои повикуваат на насилство и дискриминација кон кои било групи и поединци. Исто така, апелираме до надлежните државни органи да постапуваат согласно со законските норми со цел да се избегнат евентуални несакани случувања кои може да го нарушат позитивниот тек на денешниот настан. Уште еднаш упатуваме искрени честитки за историската победа на „Вардар“ и пожелуваме вакви нови спортски успеси и во иднина“, се вели во заедничката изјава.

Град Скопје, имајќи го предвид успехот на РК „Вардар“, значењето на подвигот и фактот што клубот им припаѓа на сите скопјани и на преостанатите граѓани на нашава земја, истакнува дека ваквиот спортски успех е заеднички и треба да не сплотува во славењето на овој историски резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.