Од Град Скопје реагираат на изјавата на поранешната претседателка на скопскиот совет Љубица Јанчева од СДСМ за празната каса на Градот.

Како Град Скопје сакаме да реагираме на изјавата на госпоѓата Љубица Јанчева од СДСМ за празната каса на град Скопје. Госпоѓата Јанчева најдобро знае зошто е испразнета буџетската каса на Град Скопје. Ја повикуваме Јанчева ако навистина се грижи за градскиот буџет да ги врати сите средства потрошени на име угостителски услуги што таа лично ги потрошила на сметка на град Скопје. Од Градот веќе е поднесена една кривична пријава за Јанчева за злоупотреба на градскиот буџет за оваа намена и очекуваме државните органи соодветно да постапат по истата. Град Скопје и оваа градска администрација работат исклучиво за потребите и барањата на граѓаните, а дополнително се кратат сите непродуктивни трошења со цел обезбедување на што е можно повеќе средства за нови проекти за Скопје и скопјани, велат од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.