Пожар утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31″ во скопската населба Тафталиџе, јавува МИА.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека интервенираат со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив е пријавен во осум часот.

Засега не се знае причината за пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.