После четири години повторно се наоѓаме на истото место, како што многу пати реагиравме, правевме протести, имаше бројни реакции од граѓаните за сето ова што се случува тука на дивата депонија во Ново Село, велат од ОК Ѓорче Петров ВМРО ДПМНЕ.

Како што можете да видите се уште чади, се уште се горат канцерогени материјали, имаше многу ветувања од страна на градоначалникот Наумоски и од градоначалникот Петре Шилегов дека ќе се исчисти депонијата, дека се култивизира просторот, дека ќе се изгради мементо парк, но како што можете да видите сето тоа остана на лажно ветување и лаги на Наумоски и Шилегов.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период слуашајќи ги граѓаните и како најголемо барање токму на жителите од населените места Даме Груев, Ново Село, Кисела Јабука и Волково, ќе ставиме крај на целиот овој екоцит што се случува позади нас, велат од ОК Ѓорче Петров ВМРО ДПМНЕ.

Тие најавуваат дека сиот овој простор ќе биде исчистен, саниран, ќе се култивизира просторот, ќе се воведат парковски и зелени површини кои што ќе го оплеменат целиот овој регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.