Во општина Бутел оваа година ќе се асфалтираат 35 улици, најави градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

-КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА, ОВАА ГОДИНА ЌЕ АСФАЛТИРАМЕ 35 УЛИЦИ

Најавуваме голема градежна офанзифа во делот на уличната инфраструктура на територија на Општина Бутел. Одреден број на улици за прв пат ќе добијат асфалт, додека одреден број оштетени улици ќе бидат целосно реконструирани.

Убеден сум дека веќе докажвме наша врвна цел е интересот на граѓаните, затоа во оваа градежна офанзива ќе бидат опфатени улици во сите населени места. Со оваа динамика на работа во делот на уличната инфраструктура Општина Бутел до крајот на мојот мандат нема да има неасфалтирана улица, додека најголем број од оштетените улици ќе добијат нов асфалт.

Асфалтирањето ќе се одвива во две фази, првата ќе започне за многу скоро, втората веднаш кога ќе биде готова проектната документација која е во тек.

Реализираме повеќе од ветеното, пишува Костовски во својата објава на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.