1. Борис Сарафов – Ѓорче Петров

Борис Сарафов е убиен 1907 година,
Ѓорче Петров е убиен 1921 година.
Невозможно е Сарафов да го убил Ѓорче. Сигурно не се повампирил како во хорор филмовите 14 години по смртта.

Инаку ако со некој бил близок Сарафов уште додека бил во военото училиште во Софија тоа биле Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Никогаш не бил во конфликт со овие личности туку во блиско другарство и пријателство.

2. Андон Лазов Јанев – Ќосето

Ќосето бил “убиец и егзекутор” и затоа не требало да има споменик во близина на судот. Во судот се барале човекови права. Ги видовме правата во судот…

Ќосето е дел од револуционерна организација која во ситуација кога нема друг начин да се дојде до слободата, по речиси пет века владење на Oсманлиската Империја започнува борба со револуционерни методи и се бори за ослободување на Македонија.

Ќосето бил многу близок соработник и извршувал ликвидации на легитимни политички, воени и полициски цели, најчесто по наредба лично на Гоце Делчев, Даме Груев и Христо Татарчев. Подоцна тој е и војвода со своја чета и четници, односно комити.

Ќосето важи за еден од малкуте кои толку многу пати си го ризикувал сопствениот живот за целите на организацијата и борбата за слобода и не случајно се постави негов споменик.

Што биле партизаните?

Револуционерна организација која во неможност да се ослободи Македонија од фашистичкиот окупатор по друг пат, се бори со револуционерни методи за слободата на Македонија.

Дали убивале?. Да, исто како и Ќосето и многу негови соборци. По наредба на генерал Михајло Апостолски и другите политичко-идеолошки и воени авторитети и водачи. И тие ги ставиле своите животи во висок ризик правејќи го истото што и Ќосето.

Кога се презира и понижува делото на Ќосето затоа што убивал во борбата за слобода на Македонија по наредба на главните авторитети на организацијата, признати херои и икони на македонската историја, се презира и македонската историја и севкупната револуционерна борба за слобода и државност во 19 и 20 век и илјадниците жртви. Се презира и Ѓорче Петров, директен учесник во Илинденското востание, кој во Крушевско „не читал книги на поетски вечери“, туку нишанел на легитимни воено-полициски и политички преставници.

На двајца од тројцата под чии налог работел Ќосето имињата им ги пееме во химната: Гоце Делчев и Даме Груев.

Без Ќосето и многу како него и нивните методи на борба тие би биле само обични учители и родољуби или лекари, но не и национални херои со славна историја. Нивната сила покрај тоа што биле идеолози и за тоа време интелектуалци произлегува и од револуционерниот дел на нивното делување или како што би рекол Шилегов „убивањето’.

Јане Сандански, Питу Гули, Никола Карев, пишувале поезија или со пушка во рака се бореле ? Да, дури и врвните поети како Кочо Рацин Панчо Михајлов – Чавдар се партизан, односно комита.

Бранителите во 2001, со пушка и куршуми овојпат ја бранеа Македонија, а дел од нив ги положија своите животи. И тие ли се убијци и не заслужуваат споменик? Без партизаните Михајло Апостолски би бил генерал без војска, а Колишевски, Ченто, Кузман и сите останати не би биле национални историски личности туку историски анонимуси.

Дали ќе биде тргнат и споменикот на партизаните пред Владата затоа што партизаните убивале? Несомнено е дека партизаните исто како и комитите убивале и токму затоа биле цел на прогон за да бидат и тие убиени од окупаторот.

Дали ќе се дислоцира споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк и на Михајло Апостолски кај хотелот „Континентал“ затоа што биле нарачатели на убиства

Да, сегашнава власт, судии и обвинители би рекле дека партизаните и комитите вршеле терористичко дејствување со цел рушење на уставниот поредок…

Дали функционерите во било која земја во светот вака говорат за своите национални херои кој ги ризикувале своите животи, честопати и ги положувале во револуционерната битка за слобода?

До слободата се доаѓало со крв и жртви. Не треба да го заборават тоа оние на кои им е поклонета и треба да се слават хероите и жртвите кои се бореле.

Само држава која ги слави своите херои, ќе роди нови херои.

3. Турција и барокот

Во еден момент со сериозна доза на сарказам чувме дека Турција немала барок.

Барокот не припаѓа експлузивно на една држава или нација. Тој е одлика на Европа во последните неколку века, а го има и на други континенти. Да, Турција има многу објекти во бароктен стил од последните неколку века. На пример Истанбул. Преполн е со барокни објекти затоа што Истанбул бил и е европска метропола.

Еве неколку:

Долмабахче саат-кула изградена меѓу 1890 и 1895 година

Секако Скопје во времето на Османлиската Империја е една од многуте сиромашни провинции и куќите и објектите биле посиромашно украсени со орнаментика, па и оние кои биле во стил на барок не биле во таков раскош каков што имале во главните и побогати градови. Слично е и под српско владеење.

Така било и така е и денес секаде. Во главните градови секоја држава инвестира освен во работи кои се од функционална природа и во нивната естетика и атрактивност градејќи “маркантни објекти”.

4. Мост

Мост може да се изгради и за 1 или 2 милиони евра, веројатно и за помалку. И за 3.5-4 милиони евра и за 14 милиони евра и за многу повеќе. Слично е како со куќа, одело, автомобил итн.

Но, сите мостови не се исти.

Некои стануваат одбележје на еден град, на една земја, на една епиха и историја, преполни се со туристи, ги има на милиони фотографии, снимки и уметнички слики, опеани во песни, раскажани во книги, овековечени во играни или документарни филмови и серии, инспирација на многу неслучајни посетители, почеток НС многу љубови, места на многу случки или средби, останати во длабоки сеќавања дури и кога веќе ги нема, обновувани ако се срушат итн. Други мостови воопшто не ги памтат ниту додека постојат и незнаат кои се и каде се.

Земете го на пример Камениот мост во Скопје и оној помеѓу Владата и објектите на Царината во Скопје. И двата се мостови и имаат иста функција. Но, не и исто значење.

Зборуваме за мост и ограда на него во строг центар на главен град кој за неколку години го дуплираше бројот на туристи, а не за предградие на некое мало гратче во провинција.

5. Често се зборува дека само кај нас се менувале фасади од некој посовремен стил во барок. Дека не е така, докажуваат овие фотографии од Франкфурт, Германија и Будимпешта, Унгарија, пред и потоа.

Франкфурт:

Будимпешта:

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.