Попушти покривот на новоизграденото општинско основно училиште „Киро Глигоров” во населбата Капиштец во Општина Центар. Екипите денеска се на терен и работат на прокапениот покрив.

Училиштето почна да се гради во 2016 година, кога градоначалник на Центар беше Андреј Жерновски. Изградбата продолжи и во уште еден мандат на СДСМ, а со присуство на целиот владин врв беше пуштено во употреба пред само неколку месеци, на 4 септември 2019 година.

Изведбата на проектот е во вредност од 5,5 милиони евра. Изградено е на површина од 12.100 квадратни метри, со дворна површина од 4.100 квадратни метри.  Има 21 училница, со акустика на простор, седум специјализирани кабинети за предметна настава,спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.