Скопје моментално е прв најзагаден град во светот на листата на air visual, после него се и Дака во Бангладеш и Њу Делхи во Индија.

Податоците од мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина покажуваат дека Скопје и Кавадарци утрово се најзагадени градови во Македонија.

Овие два града се обоени со виолетова боја што укажува на многу високо загаден воздух. Високо загаден е воздухот во Куманово, Гостивар и Кичево. Струмица, Гевгелија, Кочани и Велес се со средно загаден воздух.

Министерот за екологија Насер Нуредини во интервју за државната новинска агенција изјави дека се додека не се смени начинот на греење нема да има долгорочно решение за аерозагадувањето.

Во однос на загадувањето на воздухот го донесовме дополнителниот закон за квалитет на воздухот по што ги дефиниравме мерките за локалната самоуправа кои мора да ги преземеме во случај на големо загадување. Сепак, верувам дека на сите ни е јасно дека додека не го промениме начинот на греење на јавните и приватните згради и домаќинствата, се надеваме дека ќе го постигнеме тоа со изградба на гасоводната мрежа и со поддршка на инвестициите во енергетска ефикасност од централната и локалната власт, нема да имаме долгорочно решение за овој проблем – рече Нуредини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.