„Јас сум немал се уште ситуација како Боби, не била градоначалничката во изминатиов период во Кисела Вода. Ниту  од Владата сум очекувал помош како што никој и не добил, ниту па би престанала Кисела Вода да функционира без било каква помош од некој друг. Јас тука сум апсолутно јасен. Зашто? Затоа што кога ме бирале моите сограѓани од Кисела Вода, кога гласале за Орце Ѓорѓиевски, сум земал во предвид секаква состојба вклучувајќи и вакви моменти. Ние во суштина како политичари и луѓе кои што ги водиме општините не треба да бараме изговори туку треба да гледаме на кој начин и како да ги решиме проблемите“, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела вода во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија.

Ѓорѓиевски додаде дека општина Кисела Вода нема да престане да функционира ако не добие било каква помош.

„Изминатиот период апсолутно со службите наши сме биле вклучени во процесите, дали било тоа за меѓуопштинска соработка, дали било за изведба булевари. Еве булеварот „Борис Трајковски“ на пример, да ние тимски иако тоа можеби не е наша надлежност се фокусираме на решавање на проблемот дали е тоа од имотен-правен однос, дали е било каков проблем кој што се наоѓа во делот на имплементација на тој проект“, појасни Ѓорѓиевски.

„Сите инвестиции кои што се случуваат во општините или се случуваат во државата, тие се случуваат благодарение на пари на даноци кои што ги плаќаат граѓаните. Еве една најпроста работа, едно одобрение за градба на куќа семејна во Кисела Вода или во било која општина 60 со 40 е соодносот на комуналии кои што дел влегуваат во Градот Скопје, а дел влегуваат во Општината. Тоа се пари од граѓаните од таа општина. Јас мислам дека треба да се земе во предвид дека некој нешто не прави со негови пари туку реализира, парите наменски се трошат за проекти. За 30 години еве конкретно кај мене не биле реализирани, парите завршувале еве јас имам и ревизија која што ми е во финална фаза и ќе кажат ревизијата и ревизорите дел од парите каде завршувале но обично не завршувале со вистинска намена односно со решавање на проблемите на нашите сограѓани“, рече градоначалникот на општина Кисела Вода.

Тој посочи дека парите на општините не се пари на градоначалниците, туку тоа се пари на граѓаните и со тие пари градоначалникот е должен да реализира проекти за подобрување на животот на граѓаните.

„Мислам дека е право време еднаш засекогаш да се заборави оној дел дека некој на некого нешто му прави, туку граѓаните кои што си го плаќаат сето тоа треба да си ги добијат проектите“, рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека не може некој да плаќа даноци со години, а да гази во 21 век кал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.