Последното неизградено есенцијално парче земја во Кисела Вода, Расадник, каде се кршат копјата помеѓу приватниот и јавниот интерес, ќе се уредува преку Меѓународен јавен конкурс. 99-те згради стануваат минато.

Домашни и странски архитекти ќе го имат последниот збор како и што да се градиво  Расадник, а дури потоа ќе се пристапи кон нов ДУП. Новиот градоначалник ветува борба со корупцијата.

Жалосно е што Кисела Вода како општина беше прва на удар на градежната мафија. Уште повеќе, жалосно е што претходната локална власт била дел од таа градежна мафија и шурувала со нејзе, била нејзина поддршка во општината. Од денот на преземање на општината, увидовме многу грешки и неправилности во постапки на веќе реализирани проекти“- вели, градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Инвеститорите, колку и да се блиски  со партиите Ѓорѓиевски рече дека ќе се соочат со законот доколку се обидат да вршат притисоци, уцени, закани или влијание врз планерските ќуќи. Рече и дека ќе се руши секоја дивоградба која е надвор од параметрите на планското градење. Новиот закон за легализација на дивоградби смета дека  не е во интерес на граѓаните.

Покрај ДУП-от за Расадник, Ѓорѓиевски рече дека во рамки на проект „Стоп за урбаната мафија“, е започната ревизија на 34 плана кои беа во различни фази на донесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.