Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес потпиша 113 решенија за доделување средства за новородените деца од овој дел на градот. Семејствата со принова, од денес па во наредните неколку дена, од страна на општинските служби, во својот дом ќе добијат ваучер од Општината во износ од 6000 денари.

Доѓањето на новиот член во семејсвото е, и треба да биде најголема радост. Се надевам дека овие парични средства ќе им бидат од корист на родителите за првите потреби кои доаѓаат со новороденчето. Притоа, не е важно дали се работи за првородено, второродено, трето дете итн. Еднократна парична помош ќе има за сите новородени жители на општина Кисела Вода. Им посакувам да се живи и здрави и ветувам дека ќе им обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој- порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода ги повикува сите нови родители кои ги исполнуваат критериумите да ја поднесат потребната документација за паричната помош. Процедурата е многу едноставна, а деталите ги има на општинската веб страница на следниот линк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.