Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска пристигна пред зградата во населбата Бирарија каде што избувна пожар, информираше дека на жената во чиј стан се случила несреќата, ќе и биде обезбедено сместување доколку нема каде да се смести и ќе и биде доделена еднократна парична помош.

Како што соопштија општинските власти, се работи за жена која била во станот каде што избил пожарот и девојка од станот над неа која вдишала поголема количина на чад.

Се надевам дека се работи за полесни повреди и дека двете брзо ќе се опорават. За жал вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви и штетата да е што помала. А, ние, како локална самоуправа сме тука да излеземе како поддршка во овие први моменти, кога е најтешко – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.