Увид во градежните активности на улицата “Пушкинова” изврши градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Лично, на терен сакаше да се увери како тече реконструкцијата на оваа фреквентна улица која веќе се асфалтира заедно со сите нејзини краци.

Посебно внимание обрнуваме на квалитетот на работата. Реконструираните улици ќе ги исполнуваат законски пропишаните норми за асфалтирање, асфалтот ќе биде со пропишаната дебелина, па нема да ни се случуваат оние грди слики од пред година, две, кога на скапо платена реконструирана улица после два месеца се отвораа дупки, а измерениот асфалтен слој беше двојно потенок од законскиот минимум-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Работите се одвиваат согласно предвидената динамика. Наскоро бенефитот ќе го почувствуваат преку 500 жители од овој дел на Кисела Вода, како и учениците и нивните родители кои ги носат во училиштето во непосредна близина, ООУ “Кирил Пејчиновиќ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.