Орце Ѓоргиевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кисела Вода, на денешната седница му однесе парче асфалт од реконструираните улици во Драчево на градоначалникот Филип Темелковски за да му докаже дека не ги исполнува стандардите,односно дебелината на асфалтот е половина од пропишаното.

За да не биде дека Орце и ВМРО – ДПМНЕ лажат, шпекулираат и изнесуваат лаги и невистини, денес на градоначалникот во заминување Темелковски, 🤳инфлуенсерот наш кој обожава да се слика и да прави шоу кога работи нешто, му донесов асфалт за кој е уредно утврдено со колкава дебелина треба да се постави, односно согласно нормите за асфалтирање, минималната дебелина треба да е 7цм и асфалт кој што го поставува тој со дебелина како чаршаф, чисто јавноста да види колку тој ги краде и како не треба да се работи. Му донесов и метро, да измериме и да бидеме уште поубедливи, за утре да не рече дека повторно измислуваме. 🛣️ Имено, асфалтот поставен на ул.„Нагоричанска” во Драчево, реконструирана нешто повеќе од 2 месеци и асфалтот на неа кој вчера лично со раце го искорнав е 3,5цм, значи дупло помалку од пропишаната дебелина- посочи Ѓорѓиевски на денешната седница.

Тој вели дека на илицата „Мариовска“ асфалтот е уште потенок, со дебелина од 3цм, што е уште поочаен од онаа во Драчево.

Прашањето до Темелковски е дали за овие реконструирани улици, беше изработен проект што е обврска согласно законот и кој надзор го одобри ова откако беа завршени тие улици и каде завршија половина од парите кои што беа наменети за реконструирање и се исплатиле овие 2 улици? Ова е класичен грабеж на парите на нашите сограѓани од Кисела Вода.-запраша Ѓорѓиевски.

Видеото од мерењето на дебелината на асфалтот можете да го видите на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.