Наместо 250.000 евра за промена на сијалици колку што реално чини и е предвидено за оваа студија, градоначалникот сака да потроши енормни 2,4 милиони евра. Значи ние, некого ќе го направиме богат на грбот на сите нас, граѓаните на Кисела Вода, истакна во своето излагање советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски.

Еве имам конкретен предлог:

– Да набавиме 4 кранчиња кои се доволно да ја обслужат целата општина и сијалиците да ги променат оние кои претходните години ги донесоа од штаб, ги насадија на работа и не знаат што да прават со себе, каде се наоѓаат. Ем конечно ќе сработат нешто, ем ќе нѐ чини поевтино, рече Ѓеорѓиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.