Кисела Вода е мојот дом, и повеќе од дом. Кисела Вода е моето детство, дел од моите најубави сеќавања, место каде што се оформив како човек и создадов сопствено семејство, порача кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.

Јас не познавам луѓе кои имаат поскромни барања од моите сограѓани. Она што го бараме е достоинствени услови за живот.
Бараме почист воздух, бараме вода која нема да биде загадена од водоводот за кој никој досега не водел грижа. Бараме канализација за да не ни се поплавуваат домовите, бараме простор кој сега ни е узурпиран од бетонските чудовишта. Бараме паркови, сакаме асфалтирани и осветлени улици.
Сакаме, живот како во 21.век, вели Ѓорѓиевски.

Ми беше чест, додава, што во оваа кампања запознав многумина од вас, чесни и достоинствени луѓе. Луѓе кои знаат што сакаат, успешни луѓе кои можеби во друга прилика не би ги запознал и би останал посиромашен за едно пријателство.

Вие сте мојата сила, вие граѓаните на Кисела Вода. Вие сте и мојот мотив да влезам во оваа битка со ветерници. Битка во која влегуваме подготвени – со проекти и решенија кои произлегуваат токму од вас, граѓаните.
Имам програма која гарантирам дека ќе ја реализирам, програма која е подготвувана целиот мој живот. Програма која извира од потребите на моите соседи и сограѓани. Ваша програма во која се содржани решенијата за сите Ваши проблеми.
Време е да ставиме крај на узурпацијата на Кисела Вода. Да речеме „доста е“ од партиски послушници и луѓе кои градоначалничката функција ја гледаа само како начин за брза заработка – сопствена и на своите послушници. Време е, заедно да ја изградиме Кисела Вода одново. Време е, општината и градоначалникот да бидат слуги на народот, а не обратно.
Време е да ставиме крај на урбанистичкиот хаос, да ги ревидираме сите досегашни одлуки од кои подебелиот крај секогаш го извлекувамее ние – граѓаните на Кисела Вода.
Сега е моментот да одбереме Кисела Вода во која нашите деца и внуци ќе живеат безбеден, квалитетен и сигурен живот. Во нови училишта, во нови паркови.
Кисела Вода може и мора да биде општина од 21.век.
Заедно, тоа го можеме.
Затоа, на 17.октомври, направете вистински избор. Одберете гарантирани решенија, наместо празни ветувања.
Одбрете визија во која токму вие и Вашите потреби сте во центарот на вниманието.
Визија во која Кисела Вода ќе стане модерна и зеелена општина, во која секој од вас ќе има сигурна идина.
Гласајте за бројот 7, гласајте за гарантирани проекти и квалитети решенија.
Гласајте за мене, Орце Ѓорѓиевски, домаќин човек, човек со чист образ, човек кој секогаш ги исполнува ветувањата – Ваш човек!, порачува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.