Општина Ѓорче Петров спроведува акција за обнова и подигање нови зелени површини.

Како што информира градоначалникот Александар Стојкоски, на зелените површини се поставуваат системи за наводнување со прскалки, додека дрворедите се опремуваат со ситем капка по капка.

Поволните климатски услови ги искористивме за ревитализација и подигање на над 2000 м2 зелени површини комплетно опремени со ситеми за наводнување со прскалки и нови системи капка по капка за дрворедите.

 

Со акцијата се опфатени локации покрај ул.Васил Чакаларов во УЗ Хром, ул. Македонска Војска во УЗ Ѓорче Петров и покрај ул. Лука Геров во населбата Даме Груев.

 

И во наредната година ќе продолжиме интензивно да работиме на подигнување на нови зелени површини и да се грижиме за јавните површини – вели Стојкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.