Општина Центар во декември ги урна трафиките кои се наоѓаат на автобуската станица кај Зелен пазар во Скопје. Беа отстранети пет времени објекти кои не поседувале решенија за поставување на времен објект.

Тогаш Општина Центар посочи дека откако инвеститорите, односно сопствениците на времено поставените објекти не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи и сами не ги отстраниле објектите, општината морала присилно да ги сруши.

Но откако ги отстранија објектите зад нив остана дупка во `рѓосан метал, ризична за граѓаните. Покрај тоа местата каде што биле времените објекти се претворени во мини депонии.

Се работи за простор кај автобуска постројка, на која и во вечерните часови голем број луѓе чекаат градски автобус. Недоволно осветлениот простор е дополнителен ризик за некој да настрада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.