Тоа се тие двојни стандарди, се коментарите на социјалните мрежи. Дежурните пера на Роберт Поповски, Љупчо Поповски и Кате Блажевска, ги нема да кажат ниту збор за веста која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи дека син на пратеник од СДСМ ги добил 100-те евра на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за седење дома. Ама затоа истите дежурни пера не дозволуваат ниту една критика за министерот за здравство Венко Филипче, кој секако не е “света крава” за низата пропусти кои се направија. Уште помалку ги има зс да напишат збор за цензурата која сака да ја легитимира Роберт Поповски во Владата, па невладината ЗНМ ќе одлучува кој е а кој не е новинар во земјава.

Молкот не значи дека ги пропуштиле новините во земјава, туку дека можеби се платени да молчат, а да пискаат кога станува збор за нарачки за напади како оној кон Александар Николоски, кој само посочи дека системот не функционира. Го нема ниту Поповски да напише што се случува во СДСМ кога Заев во стилот на папа кажува и најавува проформа мерки од кои никој нема ќар. Воедно нема ниту збор за респираторите, тоа е најстрого забранета тема кога станува збор за платените пера. Трите сина на Локвенец ќе мора да опстојат, исто како и синот на пратеничката со наградата на Шилегов, а сите други може и да почекаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.