Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека со изградба на нова катна гаража во Капиштец ќе бидат обезбедени нови 260 паркинг места.

На денешната трибина „Заедно одлучуваме“ покрај инфраструктурните зафати, пензионерскиот клуб во т.ц Беверли Хилс, реконструираното спортско игралиште зборував и за новиот проект за реконструкција на зеленило од т.ц Зебра до Беверли Хилс.

 

Ви благодарам на сите кои дојдовте и кои оваа трибина ја дополнивте со нивни предлози и идеи, од кои дел ќе бидат вметнати во Буџетот за наредната година.

 

Утре продолжуваме во ООУ „Ј.Х.Песталоци“, објави Герасимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.