Во врска со парцелата кај Универзална сала на ул. 9 мај, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски  во СТУДИО 10 на ТВ 24рече дека градбата на локацијата била сопрена затоа што инвеститерот не ги заштитил околните објекти, а пропишани му се и парични казни.

-Доколку инвеститорот не ја санира штетата, ние како општина ќе интервенираме да се санира. За жал пукната е и водоводна цевка па водата е исклучена за да не пропадне целата улица, вели Герасимовски.

Тој додава дека е одземена дозволата за градба на таа локација, ставена е жолта лента но инвеститорот продолжи да гради. Потпорен ѕид е направен за да се заштитат околните објекти, вели градоначалникот. Тој додава дека за оваа постапка инвеститорот кривично ќе одговара.

-Најголем број на незаконските активности се прават за викенд или за празници, но нашите инспектори и тие денови излегуваат на терен, вели Герасимовски и додава дека има ефект од инспекциите во однос на градбите и дивоградбите. Има комисија од неколку члена која излегува на терен и го следи процесот на градење во општината.

Има и други дивоградби кои се следат како оној на Пластичарска улица чијашто градба е прекината, но се бара кој е инвеститорот. За овој објект е потпишано барање за уривање но овие документи ни се одземени од Државниот градежен инспекторат. Имаме покренато иницијатива за конфискација за вакви случаи, информира Герасимовски.

-Објекти градени на диво на државно земјиште во зелен појас не гледам зошто ни би биле конфискувани од општините. За тоа ќе покренеме иницијатива во ЗЕЛС, вели Герасимовски.

Во однос на дивоградбите на Водно, за два се издадени се налози за уривање, вели Герасимовски кој се залага за одржување на зелената зона.

Општината е во фаза за носење на ДУП-ови во различни делови на општината Центар со кои ќе се регулираат условите за градба и ќе се оневозможат манипулации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.