Види му го друштвото, цени му го паметот. Сакајќи или не сакајќи Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, штотуку си ја уништо политичката кариера.

Од повозрасните секогаш има што да се слушне и научи. Благодарност за поддршката Ѓунер Исмаил, Љубомир Данаилов Фрчкоски и Бранко Тричковски. #ГоранЗаЦентар, напиша Герасимовски објавувајќи ги фотографиите од кафе-средбата со стратезите, „големите умови“ на СДСМ.

Вистина, во годините е мудроста, но овој „совет на старци“ во племенскиот сојуз на СДСМ е последниот од кој Герасимовски треба да црпи памет. Сепак, предоцна е.

Портфолиото на Љубомир Фрчкоски е контроверзно колку и тој самиот. Како човек зад себе има насилство врз жени, а како професионалец се поврзува со неразрешениот атентат на претседателот Киро Глигоров, шверцот на цигари и нафта кон Србија, соработка со српската мафија… Опозицијата го обвинува дека е човек со криминално минато или со еден збор – човекот кого Њујорк не го сака за амбасадор во ОН.

Од друга страна е Бранко Тричковски. За него не мора да се зборува ништо. Неговите песни песни зборуваат за тоа за каков замрачен ум станува збор. Човекот кој повикува на смрт, кому ништо не му е свето, а уште помалку некој нешто му може.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.