Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба ги додели грантовите за поддршка на мали и микро фирми и стар ап фирми.

Доделени грантови за финансиска поддршка на мали и микро фирми и старт ап фирми! Овие грантови општина Гази Баба ги доделува во рамки на своите две програми: Програма за финансиска поддршка на мали и микро фирми, занаетчии и семејно земјоделско стопанство во рамки на која се доделија 10 грантови; Програма за стар ап фирми во рамки на која се доделија 3 грантови. Општина Гази Баба е една од ретките општини во Република Македонија која овозможува директна финансиска помош на малите и микро фирми од својата територија и со тоа дава поддршка на развојот на економијата во општината, рече Стефковски додавајќи дека овие две програми ќе продолжат да се реализираат и во следната буџетска година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.