Кога се збори за еден предлог Буџет треба да се има во предвид дека тој ги изразува тенденциите и развојните планови на она кое што е наследено и на она кое што претходно е направено. И кога се гради една куќа таа никогаш не се почнува од кровот, туку секогаш треба да се гледа во темелите, а темелите треба да ги гледаме во претходните четири години кои што ги потроши претходниот градоначалник затоа што тој беше градоначалник пред само 40 до 50 дена, вели советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески на денешната седница.

Галески истакна дека кога претходниот градоначалник на Град Скопје потрошил четири буџети во вкупна вредност од 380 милиони евра, а резултатот од неговата работа е дупка од 160 милиони евра

Претходниот градоначалник потроши четири буџети со вкупна вредност од 380 милиони евра и јас нема да зборам на памет туку ќе зборам многу прецизно. Резултатот од неговата работа е дупка од 160 милиони евра или прецизно 158.196.797 евра. За каков развој зборуваме тука кога потрошени се четири буџети за четири години, а ова е оставштината од градоначалникот, додаде Галески.

Галески укажа дека од правен аспект за реализација на проектите мостот АСНОМ и Момин Поток ќе бидат потреби од една до четири години, додавајќи дека претходната власт потрошила потрошени 160 милиони евра за мостот АСНОМ а оставила 139 предмети да се доработат, додека за проектот Момин Поток потрошила 18 милиони евра а оставила дури 105 активни постапки.

Мостот АСНОМ 139 предмети кои што остануваат да се доработат, а потрошени 160 милиони евра. Момин Поток 18 милиони евра, 105 постапки кои што се активни. Правно гледано минимум за овие постапки треба од една до четири години, што значи дека една до четири години ќе треба реализација само за овие проекти, изјави тој.

За мостот Љубљанска Галески укажа дека секаде во светот мостот е објект кој поврзува, само во Скопје како што рече тој мостот е објект кој што поврзува ништо.

За Љубљанска има договор само за мостот и секаде во светот мостот е објект кој поврзува два крај, но само кај нас мостот е објект кој што поврзува ништо. Од овие 168 милиони евра кои што ги остави претходниот градоначалник, 58 милиони 140 илјади евра се доспеани и недоспеани обврски, 11 милиони и 380 илјади се веќе наменети за отпочнати постапки за склучување на договори. Има 7 договори за заем, и тоа 4 договори од Светска Банка, еден со ЕБОР, два договори со домашни и комерцијални банки и сите во вкупна вредност од 32 милиони евра. Кога се грижите за развојот на Скопје треба да ги спомнете и овие обврски. БРТ 70 милиони евра без предвидени средства за дислокација и изградба на потребниот мост меѓу Карпош и Влае, резултатот 160 милиони евра, рече тој.

Во однос на изјавите за лева и десна страна на Скопје, Галески порача дека тој не познава ниту лева ниту десна страна од градот, туку дека има само едно Скопје, како што има една Македонија.

Тука некој спомна дека има лева и десна страна на градот, но јас таква не познавам затоа што има само едно Скопје, исто како што има само една Македонија, порача Галески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.