Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид на новоформираниот зелен коридор во населбата Бутел 1.

Изминатиов период интензивно се работеше на хортикултурно уредување на овој простор кој со години е запуштен, сега доби нов лик и дополнително зеленило во овој предел од општината, на барање на граѓаните. Во следниот период ќе биде завршен и зелениот коридор во населба Радишани и дополнителни нови зелени површини низ населените места во сите скопски општини, истакна Арсовска.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека се менува ликот на општина Бутел, со подигнувањето на нови зелени површини и паркови, на места каде со години наназад не е реализирано ништо. Наскоро се започнува со изградба на два нови паркови и завршување на паркот во населбата Радишани кој е во финална фаза, истакна Костовски.

Градот Скопје, заедно со ЈП Паркови и зеленило, продолжува со активности за уредување на нови зелени појаси низ населените места во Скопје, на кои се работи етапно, со поставување на нов систем за полевање, нова вегетација, тревници и нови садници и целосно уредување, а во следниот период во уште поголем интензитет, посочи директорот на ЈП Паркови и зеленило, Сотировски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.