„Цел живот сум го поминал во Аеродром, ја знам секоја улица и секое ќоше и ги знам суштинските проблеми на граѓаните на Аеродром“, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник во општина Аеродром, Александар Филиповски за емисијата „Топ тема“.

Според него, тој има решенија кои нудат излез од ова секојдневие.

Сигурен сум дека со граѓаните ќе го одбереме најдоброто за општината. Како клучен цел ми е да ставам крај на урбанистичкиот хаос во општината, посебно делот на Стар Аеродром. Сите овие години, градењата се водеа по ДУП-ови кои се носени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, вели Филиповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.