Абер нема Филип Темелковски од чистење на улиците во неговата општина иако два дена снежни врнежи ја блокираа целата општина.


Нема ниту една чиста улица во општина Кисела Вода, а под снежна обвивка се и главните улици како „Огњан Прица“ и „Востаничка“. Во споредните улички жителите се приморани да се снаоѓаат сами, па импровизирано се обидуваат да го исчистат снегот.


Сол и ризла, нема ни за лек, пишува Инфомакс.

Сепак, жителите на Кисела Вода не се изненадени од „брзата“ реакција на градоначалникот.
Исто толку брзо реагираше и минатата година за време на обилните дождови кои предизвикаа поплави во општината.

Му нема рамен и во брзинат о која ги решава инфраструктурните проблеми во општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.