Специјалното возило „пајак“ вчера го кренало Ферарито на претседателот на кошаркарксата федерација на Македонија, Перо Антиќ. Фотографија од непрописно паркираното возило била објавена на ФБ групата, Ѕид на сообраќајниот срам, на која реагираат повеќе корисници на социјалните мрежи.

Во коменарите на фотографијата може да се види и еден од градоначалникот на О. Центар, Саша Богдановиќ кој има објавено слики од кревањето на луксузниот автомобил со пајак на Паркинзи Центар, како и местото на кое беше паркирано Ферарито откако возилото било кренато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.