Прекините на напојувањето во Скопскиот регион се резултат на неможноста да се ангажираат системските резерви кои не ни беа ставени на располагање од страна на АД ЕСМ. АД МЕПСО немаше можност да изврши благовремено растоварување на електропреносната мрежа и напонска поддршка со ангажирање на хидроелектраните со кои нормално секоја година се обезбедуваат системските резерви неопходни за обезбедување на сигурна и стабилна работа на електроенергетскиот систем“, соопшти МЕПСО во врска со дефектот поради кој останаа без струја делови на Скопје.

Според компанијата, вакви дефекти поради зимски услови за работа на елементите од електропреносната мрежа се случувале и ќе се случуваат.

„Денеска во 12 часот вкупното моментално производство на електрична енергија приклучено на преносната мрежа на АД МЕПСО изнесуваше околу 400 MW и тоа од термоцентралите ТЕ Битола 2 и ТЕ-ТО како и од ВЕЦ Богданци. Притоа во мрежата немаше ангажирано хидро производство, поради тоа што истото не беше предвидено од страна на АД ЕСМ во дневниот возен ред. Ова значи дека не беше ставена на располагање системската резерва, односно резервата за секундарна и терциерна регулација од хидроелектраните, кои се основна алатка за обезбедување на сигурна и стабилна работа на електроенергетскиот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.