Жителка на Скопје се довела во непријатна ситуација на паркиралиштата на јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“. Имено, таа била казнета за погрешно паркирање иако претходно испратила порака. Збунета, се јавила во центарот за грижа на корисници на ПОЦ од каде добила одговор дека платила за зона 1, но во пораката требало да напише 01, бидејќи тоа не е исто, односно, не е иста цената.

За парадоксот да биде поголем, пишува оштетената, цената за зона 01 е 50 денари, за зона 1 е 60 денари. Ова значи дека таа ем платила тикет паркинг, ем казна, ем парите за наводно грешната паркинг карта ПОЦ нема смислено начин како да ги врати назад.

Кој пишува вакви закони во оваа држава бре? Правници, добри сте? Град Скопје, се слушаме? Македонијо? Ало? Има некој на линија? Бру- ки… Ем тикет платен, ем казна залепена, ем парите за наводно “грешниот“ тикет немате смислено како би им ги вратиле на народот. Ах бре. Важно Ви легнаа на жиро сметката паричиња. Ама најлудо од се’ им е броењево. 01 е третата зона еј…., пишува оштетената на нејзиниот фејсбук профил.

Во прилог на фејсбук-објавата револтираната жителка на Скопје ја објавува смс пораката испратена за паркинг услугата, но и казната која подоцна ја добила.

Во продолжение целиот фејсбук статус на оштетената скопјанка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.