Големо ниво на ПМ10 честички во воздухот е забележано вчеравечер во главниот град. На некои од мерните станици во Скопје загадувањето достигнуваше и над 260 ПМ10 честички.

Веќе една недела има тренд на зголемување на нивото на ПМ честици во воздухот, а тоа го потврдија и од Министерството за животна средина. Најзагадено е во Лисиче, но високи концентрации на ПМ има неколку дена и во другите општини.

На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа како се зголемување загадувањето на воздухот во текот на вечерта. Граѓаните коментираат и дека се чувствува интензивна лоша миризба.

Еколошкиот геноцид продолжува и оваа вечер и во општина Центар и Карпош, фотографиите ни ги испрати граѓанин од општина Карпош. Потребни се итни мерки за решавање на долгогодишниот проблем со енормното загадување!- реагираат од средношколската организација Средношколски Глас.

Скопје викендов се најде меѓу најзагадените градови во светот, а од скопскиот општини најлош е воздухот во Карпош, Аеродром и Кисела Вода.

Пулмолозите предупредуваат дека аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност туку и дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.