Илија Џугуманов на својот фејсбук профил објави:

Дебар – 4 заразени
Градоначалник: Апел за итни мерки
Мерки: целосен карантин, дезинфекција на сите возила (влез/излез)…

Куманово – 11 заразени
Градоначалник: Апел за итни ригорозни мерки
Мерки: форма на карантин, веднаш укинат јавен превоз…

Прилеп – 2 заразени

Градоначалник: Веднаш на прес со итни мерки

Мерки: кризен штаб, укинат јавен превоз, дезинфекција на сите возила (влез/излез)…

Скопје – 123 заразени

Градоначалник:  (на скијање или во подрум⁉️)

Мерки: одреден полициски час, фирми работат турбо, градскиот превоз функционира/шири вирус сјајно, 5ти ден вадат податоци за бројка по општини, дезинфекција на влез/излез – нема потреба, врне па ќе кадат со Свети Мицубиши

Имајќи ја во предвид бројката на вработени и колку економски носи Скопје во вкупната економија, дали свесно се занемарува хуманиот аспект и стратегијата е „ко преживи причаче“, со цел да се амортизираат економските последици, фирмите да работат, голем процент да го прими вирусот, па малку да се олесни пензискиот фонд со природна селекција⁉️

Иако ситуацијава во главниот град е надвор од контрола и ништо конкретно не се соопштува/превзема, се молам да не е така и се надевам имате стратегија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.