Двете лица на градската чистота – она вистинското за кое сведочат граѓаните на Скопје и она во скапата кампања на скопскиот градоначалник.

Обвинувајќи ги политичките противници за ширење стари фотографии и клеветење, скопскиот градоначалник со скапи видеа и фотографии се обидува на светот да му претстави слика небаре е градоначалник во Јапонија.

Да не заборавиме дека фотографиите на Шилегов се направени 12 или 24 часа откако претходниот ден без престан паѓаше снег. Во моментите кога скопјани се бореа витешки со снежните наноси, Шилегов и неговата скапа механизација и тоните сол ги немаше на улиците.

Како беше во саботата вечерта

 

Што вели скапата пропаганда на Шилегов

За скопскиот градоначалник и годинашниов снег е масло на политичките противници, а сведоштвата на скопјани политички мотивирани.

Голема благодарност до сите градски комунални работници кои изминатото деноноќие неуморно се бореа со снежното невреме. Без нивната пожртвуваност, немаше да имаме целосно функционален град со расчистени улици и булевари по кои ќе можат да се движат автобусите на ЈСП во претстојната работна недела. Екипите на зимската служба вечерва се фокусираат на тротоарите и велоиспедските патеки, како и на патиштата кон Нерези, Средно Водно и Сопиште, за што повеќе Скопјани да можат непречено да стигнат на работа во понеделник.

Апел до нашите политички противници: кога веќе не сакате да помогнете, барем не одмагајте. Манипулациите со стари слики, лажните пријави за блокирани улици и останати лажни вести се непотребен товар за нашата зимска служба.

Сите градски улици и булевари се чисти, а нивната проодност е обезбедена во текот на целото деноноќие од градските…

Posted by Петре Шилегов on Sunday, 14 February 2021

 

Екипите на Град Скопје уште се на терен. И покрај ниските температури и влажноста од снегот, не дозволуваме да замрзнат градските улици. Секогаш во служба на граѓаните!

#ЧекорПоЧекор #Скопје

Posted by Петре Шилегов on Sunday, 14 February 2021

Фотографии од неделата рано наутро

Пријателски совет за накострешениот градоналачник – овие фотографии од вашите албуми се жив доказ дека лажете. Ако беа улиците навреме исчистени во саботата кога шаѓањ снегот, немаше да чистите олкав снег в недела.

(фото: Град Скопје)
(фото: Град Скопје)
(фото: Град Скопје)
(фото: Град Скопје)
(фото: Град Скопје)
(фото: Град Скопје)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.