Советот за македонски јазик (СМЈ) соопшти дека на својата 42. седница одржана на 31 март 2021 година, едногласно ја поддржал и ја поздравил иницијативата на Советот на Градот Скопје да именува две улици според имињата на нашите истакнати културни и научни дејци од 20 век: акад. Блаже Конески и акад. Славко Јаневски.

Блаже Конески и Славко Јаневски, се важен дел од македонската културна традиција. Не беше во ред дека досега тие немаа улици во градот Скопје на свое име. Покрај познатите факти за Блаже Конески, еден од првите кодификатори на современиот македонски јазик, историчар на македонскиот јазик, поет, писател, преведувач, како и за Славко Јаневски, авторот на првиот македонски роман, „Село зад седумте јасени”, треба да се назначи дека и двајцата се членови на првиот состав на МАНУ, а Блаже Конески е нејзиниот прв претседател во два мандати – се наведува во соопштението од претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.