Денеска двајца вработени во редарската служба на Град Скопје беа нападнати додека ја извршуваа нивната службена должност. Нападот се случи кај Вардариште од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад, информираат од Град Скопје.

Од нападот едниот вработен се здоби со повреди пришто истиот е хоспитализиран во Градската болница, а дополнително оштетено е и службеното возило со кое патролирале.

Случајот е пријавен во полиција, заедно со фотографии од возилото и лицата кои незаконски депонираа отпад и го извршија физичкиот напад на службените лица.

Денеска двајца вработени во редарската служба на Град Скопје беа нападнати додека ја извршуваа нивната службена…

Posted by Град Скопје on Monday, May 11, 2020

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.