Две третини од испитаниците од Ѓорче Петров се незадоволни од работата на градоначалникот Александар Наумоски, а дури 70 отсто од целокупната работа на општинскиот совет, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според најновото национално истражување од страна на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ, граѓаните на Македонија се чувствуваат обесхрабрени од градоначалниците и локалните претставници пред изборите кои треба да се одржат оваа есен. Анкетата покажува дека граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври.

Многу незадоволни од работата на Наумоски се 47 отсто од испитаниците, а 19 отсто, пак, донекаде се незадоволни. За советот незадоволство изразиле 70 отсто од испитаниците.

На прашањето дали Наумоски повторно треба да биде реизбран, 59 отсто категорично се изјасниле дека не треба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.