Движењето „Петоци за иднината Скопје“ денеска во 15 часот  излезе на протест пред Парламентот од кој бараат да запре фарсата на партиите во врска со законот за отпад.

На протестот, симболично револтираните граѓани седнаа на улица која претставува чекалница додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад.

Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка, која минатата есен ја нарековме зелена револуција, продолжува во 2020 – најавуваат од Младинското движење за климатска правда, кажаа организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.