Драган Илиевски е новиот вршител на должност директор на Зоолошката градина во Скопје. Илиевски на оваа позиција доаѓа од партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски.

Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет, а има завршено магистерски студии по економија, посочија од Град Скопје.

Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот В.Д Директор Кристијан Стаменов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.