Неисправна правосмукалка била причина за инцидент и расправија кој се случил во продавница за бела техника во Скопје. Купувачи во понеделникот, во продавница вратиле правосмукалка која ја купиле пред десетина дена и истата во меѓувреме им се расипала.

Тие барале производот ќе им биде заменет со нов, но продавачите им објасниле дека правосмукалката била под гаранција и дека истата ќе треба да ја однесат на поправка во овластен сервис. Ова ги налутило купувачите кој почнале да викаат дека принципот на работа не ги интересирал и дека бараат исправен апарат.

Караницата кулминирала кога купувачите се обиделе од продавницата да земат нов производ на сила, по што морало да интервенира обезбедувањето на објектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.