Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања, информираат од Град Скопје.

Оттаму ги потсетуваат граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот на 30 ноември 2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

Од Град Скопје потсетуваат дека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголеми од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.