Зоолошката градина, Нано бар и хуманитарната организација „Свети Спас“ се вклучија во акцијатаа за помош на настраданите граѓани и пожарникарите и доброволците кои на терен се борат со охнената стихија.

Апелираат дека на луѓето им е потребно ладни чаеви, вода, сокови, конзервирана храна, средства за лична хигиена… Отворени се пунктови во Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје , Nano Bar Скопје и Хуманитарна организација “Свети Спас” кај отец Оливер Петровски. Исконтактирајте ги или однесете директно таму што можете да им се помогне на луѓето кои во овие моменти се евакуирани или останаа без своите домови, пишува на Фејсбук Тина Мицковска од ЗОО Скопје.

И отец Оливер Петровски апелира да се вклучат и фирмите, зашто се работи за големи количества потребна вода за пиење.

Секоја чест хумани луѓе. Не требаше многу време. Вода обезбдено во доволни количини, објавено е пред малку на Фејсбук страницата на хуманитарната организација „Свети Спас“.

Може да донирате и со online нарачка преку: Paket.mk – Твојот онлајн супермаркет, One Stop Shop, Рептил Маркети, Скопје, TINEX, Ramstore Mall – Skopje, Grouper Mk…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.