Здружението на граѓани за помош и поддршка на бездомници социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ и оваа година организира сезонски собирни пунктови наменети за собирање на донации во храна, средства за хигиена, средства за чистење, облека, обувки и постелнина, со цел да им се помогне на бездомниците и сиромашните, посебно во зимскиот период.

Од здружението ги повикуваат граѓаните да ги посетат пунктовите и да дадат личен придонес во подобрувањето на условите на живот на оваа маргинализирана категорија на луѓе, заеднички делувајќи во подигнување на свеста на луѓето и за развивање на граѓанскиот активизам.

Пунктовите ќе бидат на следниве локации:

„Веро“ – Кисела Вода

Недела, 6 октомври 11:00 – 18:00

Вторник, 8 октомври 12:00 – 19:00

„Веро“ – Аеродром

Недела, 13 октомври 11:00 – 18:00

Среда, 16 октомври 12:00 – 19:00

„Тинекс“ – Зебра

Четврток, 17 октомври 12:00 – 19:00

Недела, 20 октомври 11:00 – 18:00

„Тинекс“ Карпош 3

Недела, 27 октомври 11:00 – 18:00

Вторник, 29 октомври 12:00 – 19:00

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.