Доктор Александар Стојкоски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Ѓорче Петров за локалните избори кои се закажани за 17 октомври.

Стојкоски е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар. Долгогодишен член е на Општинскиот комитет на партијата во Ѓорче Петров и активист од УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Стојкоски воедно е и поранешен пратеник на Собранието и член на Советот на Општината. Неговата љубов е спортот, планинарењето, велосипедизмот. Тој е сопруг и татко на две деца. Човек со невиден ентузијазам, желба за создавање и љубов кон Ѓорче Петров. За промени, за решавање на проблеми, за нов лик на Ѓорче Петров, велат од партијата.

Во едно неодамнешно интервју на прашањето кој е најголемиот урбанистички проблем во општина, Стојкоски вели дека нерамномерниот развој на подземната инфраструктура, водовод, канализација, со изградените објекти се сериозен проблем.

Не е возможно на капацитетот кој е постоен да се приклучат стотици нови стабени објекти, а да нема последици по квалитетот на снабдување со вода, струја, а во одредени делови веќе сериозни проблеми има со канализациската мрежа, додава тој.

Стојкоски во интерву за Скопје Инфо вели дека во општината не се планираат доволен број на функционални, рекреативни содржини, а и постоечките не се одржуваат доволно.

Погледнете ја ситуацијата со детските игралишта, со години се запуштени и не обновени. Ние немаме едно единствено уредено детско игралиште што не е опасно по живот, дали од аспект на не функционални реквизити или од не хигиена. Во тој дел мораме малку и ние како граѓани да земеме иницијатива и повеќе да внимаваме на она што веќе е изградено, но сепак импулсот мора да дојде од локалната самоуправа, заклучува тој на оваа тема.

Според докторот на Ѓорче Петров му е потребна суштинска промена во насока на формирање функционални единици, кои нема да бидат само површини засадени со трева и дрвја, тука вистински оплеменети интегрирани единици каде што ќе има простор за спортување и рекреација и современи игралишта за деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.