Владата го затвори Скопје, а Шилегов ужива во Маврово и распишува нов оглас за партиски вработувања во ЈСП. Додека скопјани се во карантин Шилегов од Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП. Овој оглас е трет во низата, по тие во Дрисла и Комунална Хигиена кои се во вкупна вредност од над 300 илјади евра, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-За најновиот оглас за партиски вработувања во ЈСП не е наведена предвидената сума, и се третира истата како службена тајна. Криењето на износот на пари кои Шилегов ќе ги потроши партиски да вработува значи дека недомаќински и расипнички се трошат парите на скопјани за партиски цели пред изборите. Додека Шилегов за време на карантинот одмара во својот „скромен“ дом од неколку стотина метри квадратни за кои јавноста единствено што знае е тоа како не го заработил, односно по негово признание тоа не е со платата, зошто Шилегов не работел за плата, продолжи недомаќински да се однесува со парите на Скопјани кои ги троши за партиски вработувања. Шилегов е должен да објасни поради кои причини сега ги распишува огласите, зошто се крие сумата за вработувањата во ЈСП, и зошто тоа го прави пред избори?, прашува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Од таму додаваат дека Шилегов од град Скопје наместо метропола претвора партиски штаб за вработување на партиски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.