Секој ден, нов скандал од страна на функционерите на СДСМ кои изминатите години го опљчкаа македонскиот народ. Нервозата на СДСМ и нивните бивши функционери е се поголема, бидејќи на виделина испаѓаат криминалите и скандалите кои ги правеа со години. Луксузирање во ресторани со скапи пијалоци и специфични јадења се задоволството на Петре Шилегов и Љубица Јанчева кои граѓаните ги чини илјадници евра. Предновогодишна забава во организација на Шилегов, сметката ја потпишува Јанчева, а ја плаќаат скопјани. Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај, Шилегов и Јанчева на предновогодишна забава испиле и изеле 92 илјади денари, пари на граѓаните – обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека наместо проекти за доброто на сите скопјани, парите и времето администрацијата предводена од Шилегов и Јанчева ги трошеле гоштевајќи се во ресторани.

Додека пола милион луѓе живеат во сиромаштија, Шилегов и Јанчева пиела ексклузивни виски, како Џони Вокер старо 12 години, Џејмисон, Џек Дениелс, како и Чивас Ригел. На оваа прослава поранешниот градоначалник Шилегов имал посебно мени, посебна порција од бифтек на путер кои чинел 2.400 денари, пари со кои едно македонско четиричлено семејство ќе преживее една недела. Со парите на скопјани се плаќа луксузот по ресторани на функционерите од СДСМ. Зголемена е паниката и нервозата во СДСМ бидејќи повеќе не може да се гоштеваат по кафеани – стои во партиското со



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.